Месечен хороскоп за април 2023: Овен

Април ви носи еуфорија и радост.

Работа

Планетите ќе бидат на ваша страна, а вие ќе се чувствувате како среќата да ве следи на секој чекор. Ова е ваша роденденска сезона, кога Сонцето е во вашиот знак, но ја имате и поддршката од Меркур и Јупитер. Завршете ја вашата сезона слушајќи ја својата интуиција  и амбиција, драги Овни. Вашиот хороскоп за април вели дека ќе бидете незапирливи на ова поле, а тоа ќе ви донесе голема трансформација. 

Ова е бурен период за вас во кој многу ќе работите, а највеќе од сè, ќе ви биде важно да најдете добри соработници и партнери. Веројатно ќе бидете под притисок на една Шкорпија или Водолија да влезете во работа или проект кој на долг рок би бил многу исплатлив. Имате можност да ги наплатите своите побарувања и да склучите нови договори особено со Рак, Лав, Јарец или пак друг Овен. Ако размислувате за купување недвижен простор, консултирајте се со Шкорпија, Рак или Јарец. 

На почетокот на месецот, на 1 април, вашата планета Марс прави одличен аспект со Сатурн и ви носи амбиција и посветеност кои ќе ви овозможат да постигнете што и да посакате. Вашата дисциплина, лојалност и амбиција ќе бидат забележани од вашите надредени, а тоа ќе направи да бидете ценети и почитувани. Некои Овни ќе добијат шанса за унапредување.

Сатурн, кој е познат како планета на одговорноста и дисциплината ќе престојува во вашата дванаесетта куќа, помагајќи ви да имате отворен ум  и да заборавите на некои навики или начини на однесување кои можеби сте ги игнорирале досега, а кои не ви биле многу корисни. Тоа ќе ви донесе и подобро чувство, но и исполнетост на ова поле.

На 3 април, Меркур влегува во сензуалниот Бик во вашата втора куќа. Вообичаено, оваа куќа е поврзана со финансиите и иако ниту еден астролог не може да ви вети богатство, ова е транзит кој најавува зголемување на приходите. 

Имајте на ум дека 11 април е најсреќниот ден во годината за вас, кога Сонцето и Јупитер се обединуваат во вашиот знак. Тоа може да ви донесе големо изненадување. 

На 28 април, Уран му се насмевнува на Марс, а ова е време кога ќе бидете исполнети со инспирација и мотивација, подготвени за нови почетоци. Време е за ризици кои ќе ве донесат кон она што го посакувате. Верувајте и на интуицијата и подгответе се ново поглавје на ова поле. 

Љубов

Ова е интересен месец на полето на љубовта. За слободните Овни, април носи познанство надвор од местото на живеење или пак со личност која често патува. Пријателите ќе ви помогнат околу совети при изборот на партнер, особено поради тоа што ќе имате многу кандидати. Големи се шансите да бидете освоени од една Шкорпија или Јарец. 

Бидете внимателни околу 1 април кога Марс е во конјункција со Сатурн и би можел да ви донесе проблеми од минатото, без оглед на вашиот љубовен статус. Само имајте на ум дека имате капацитет да ги надминете таквите ситуации и да се чувствувате подобро, само ако покажете волја. 

На 6 април ја имаме полната Месечина која ја осветлува вашата куќа на партнерства и ви носи интересни ситуации на ова поле. Полните Месечини вообичаено се период на заокружување на некои настани, па за некои Овни може да е дата кога ќе добијат понуда за брак, или пак повик за љубовна средба, ако се слободни. Големи се шансите да ја запознаете својата сродна душа на овој ден. 

На 10 април, Венера влегува во Близнаци во вашата куќа на комуникација, а ова е транзит кој ќе ви донесе значајни љубовни разговори. Ќе ви биде лесно да се поврзете со другите, но и да разговарате на теми кои се важни за вас. Тоа ќе ви даде и одговор дали сте околу вистинската личност, без оглед на вашиот љубовен статус.

На 19 април ни доаѓа целосното затемнување на сонцето кое е голем астролошки настан, а за вас се случува во вашата прва куќа на идентитет, што може да биде почеток на серија активности кои ќе ја променат вашата личност, но и поглед кон светот, вклучувајќи ја и љубовта. Ако чувствувате нервоза и збунетост за време на оваа соларна еклипса, потсетете се дека тоа е можеби нов почеток за вас. 

Почетокот на сезоната на Биковите значи крај на вашата сезона, но и најава за период исполнет со љубов. Ваша мисија е да бидете свои, а ништо друго не е важно, бидејќи кога сте свои вие блескате и ги привлекувате вистинските луѓе покрај себе. 

Меркур почнува да се движи ретроградно на 21 април, па затоа бидете внимателни како комуницирате со саканата личност или потенцијалните партнери. За слободните Овни, ова веројатно не е најдобар период за започнување нова врска. 

Здравје 

Внимавајте на колената.