Месечен хороскоп за април 2023: Лав

Април ви носи признанија, внимание и унапредување. 

Работа

Планетите ве поттикнуваат да внесете промени во својот живот и да тргнете во нови хоризонти. Ова е одличен месец за професионални успеси, но важно е и да не ги пропуштате можностите за зголемување на приходите. 

Вашите амбиции се големи, особено кога станува збор за соработката со странство. Веројатно ќе бидете во позиција да бирате каква работа сакате да работите, особено ако сте родени на почетокот на 90-тите. Вашиот талент ќе дојде до израз, особено на полињата поврзани со музика, спорт или наука. Некои Лавови ќе добијат можност за нова работа во голема компанија или медиум, што ќе ги исполни вашите амбиции за подобар статус. 

Некој друг Лав, Стрелец или Овен ви се голема поддршка во вашите планови. Држете ги блиску до себе и консултирајте се со нив ако имате дилеми поврзани со вашите одлуки. Особено е важно да не влегувате во конфликт со Шкорпиите, особено ако од нив зависи вашата ситуација на работното место. 

На почетокот на месецот, со влијанието на Марс ќе бидете фокусирани на развој на проекти кои ќе се потрудите да бидат скриени од другите. Но, чувајте се од нервоза, драма, тајни, како и непријатели кои можеби не сте ни знаеле дека постојат. Најдобро е да се потпрете на својата интуиција или пак да побарате совет од личност која ви е блиска. 

На 3 април, Меркур влегува во Бик во вашата десетта куќа на социјален статус, што ви носи многу нови познанства и соработки на ова поле. Април е магичен месец, па затоа подгответе се за интересни искуства. 

Полната Месечина на 6 април ќе ви ја зголеми потребата да изградите нова верзија од себеси и да најдете нова верзија од себеси. Ова е и транзит кој ви носи нов договор, некаква комуникација или пак нова можност. Заокружете ја оваа дата во вашиот календар бидејќи големи се шансите да слушнете убави вести поврзани со вашата работа. 

Вашата владејачка планета Сонцето ви носи харизма и внимание во секој аспект од вашата работа во текот на април. Особен успех ве очекува на 11 април со конјункцијата на Сонцето и Јупитер кога ви доаѓаат можности за експанзија и исполнување на вашите цели. Тоа веројатно е поврзано и со студии, патување, како и финансии. Како и да е, овој транзит ви носи изобилство од среќа и можности.

Со почетокот на сезоната на владеење на Биковите, на 21 април, Сонцето се движи низ вашата куќа на кариера и професионални односи, што ќе го зголеми вашиот фокус на вашата репутација и јавен имиџ. Ова не е време кога треба да останете во сенка, туку гордо да ги покажете своите способности, идеи и дела. Тоа може да ви донесе и некакво препознавање и унапредување, па затоа покажете што умеете. 

Ова е и ден кога Меркур го почнува своето ретроградно патување и за вас тоа носи некакво чувство дека нешто не функционира на ова поле за вас. Некои Лавови веројатно ќе сфатат дека ќе треба нешто да сменат во своите цели или соништа, но универзумот ви испраќа порака да бидете посветени и фокусирани. Тој е најдобриот начин до успехот.

При крајот на месецот, Сатурн кој е познат како планета на дисциплината и одговорноста му се насмевнува на Сонцето и ви носи високо ниво на етика и сериозен став во работата. Ова е одличен аспект да се покажете пред своите авторитети и да ги покажете своите лидерски способности. 

Љубов

Оптимистични сте и среќни, но важно е да покажете разбирање за луѓето во вашиот живот, особено ако сте во врска или пред почеток на врска со Бик, Вага или Риби. Важно е да бидете дипломати и да ги решите конфликтите за кои се преправате дека не знаете ниту дека постојат. 

Вашето его ќе биде особено нагласено во текот на април, што може да биде причина за расправии. Слободните Лавови би можеле да започнат врска со личност која работи за компанија на германското говорно подрачје.

Околу 20 април, Плутон го предизвикува Сонцето во вашата седма куќа на партнерства. Тоа може да ви донесе потреба за контрола во љубовните односи и да предизвика конфликт, па затоа бидете внимателни. Не морате да се држите цврсто до своите ставови и потреби, ако тоа ја повредува другата страна. 

Ден потоа на 21 април, го означуваме почетокот на ретроградниот Меркур кој вообичаено носи недоразбирања и конфликти. Не ги сфаќајте работите лично во овој период, а ако сте во комуникација со некоја личност, не брзајте да влетате во врска, туку почекајте малку. 

На крајот на месецот, Сатурн ќе престојува во вашата осма куќа, барајќи од вас да заборавите на љубомората и опсесивното однесување. Можно е да бидете почувствителни од вообичаено, но научете од ваквите искуства. 

Здравје 

Чувајте се од настинки.