Месечен хороскоп за април 2023: Јарец

Овој месец градите нешто ново за себеси.

Работа

Април ви најавува силна амбиција, но и креативно решавање на проблемите и успех. Правниците, политичарите и економистите ќе имаат полни раце работа. Оние Јарци кои се креативни и ја сакаат уметноста треба позитивно да го искористат овој период за да го завршат проектот кој го почнале пред некое време.

Ѕвездите ве советуваат да не анализирате премногу во текот на април, туку да бидете луѓе од акција. Носете одлуки, а ако е потребно барајте помош од оние кои ви се блиски. Подготвени сте да се вклучите во некаква соработка со странство.

Во финансиска смисла, ова не е многу значаен период бидејќи не носи ниту позитивни ниту негативни ситуации, барем не првата половина од месецот. На крајот на април можно е зголемување на платата за некои Јарци или пак нова работа со посредство на друг Јарец, Шкорпија или Девица. 

На почетокот на месецот, со позитивниот аспект на Сатурн и Марс ќе бидете професионални и посветени на работата, со сила и амбиција која ќе ви помогне да ги надминете сите тешкотии. Ова е време кога страста ќе биде силна и ќе ве носи напред кон нови победи, на нови полиња. Но, иако сте тимски играч, Марс во Рак може да направи да сакате да работите и победувате сами. 

На 6 април, полната месечина во Вага е во вашата десетта куќа на социјален статус. Многу Јарци се амбициозни и вредни и не се плашат од работата, но вие често заборавате на важноста на контактите и поддршката од другите. Оваа лунација ќе ве зближи до луѓето кои можат да ви донесат поддршка во кариерата, а ако добиете покани за некаков професионален настан, не ги одбивајте. 

На 7 април, планетата на интелектот Меркур му се насмевнува на Марс и ви носи силно чувство каде сакате да бидете во следниот период. Ќе работите брзо и ефикасно, но и точно ќе знаете што правите и како. Ќе ги импресионирате другите со својот интелект и ќе ги инспирирате да бидат на ваша страна и да ви дадат поддршка. Ова е период на храброст за вас. 

Сонцето влегува во Бик на 21 април, а тоа за вас носи потреба од баланс меѓу личниот и професионалниот живот. Бикот е знак кој е управуван од Венера, па така таа ви носи инспирација да не заборавите на убавината и малите нешта во вашиот живот. 

Бидете внимателни околу 21 април кога започнува ретроградниот Меркур кој би можел да ви донесе проблеми во комуникацијата и недоразбирања. Ова е транзит кој трае до средината на мај, па така во овој период ќе треба да знаете дека хаосот во комуникацијата е неизбежен. 

На крајот на месецот, непредвидливиот Уран танцува со Марс во вашата шеста куќа на работа. Тоа ќе ви донесе нови луѓе и нови проекти во вашиот живот. Ќе имате силна потреба за нови искуства и бегство од редовната рутина. Иновацијата и инспирацијата ќе бидат насекаде околу вас, па така многу лесно ќе ви биде да дојдете до идеи за промена. Ова е одличен момент за трансформација во вашиот живот, од секојдневните и мали активности до големи нешта. 

Љубов

Поголем дел од Јарците ќе посакуваат стабилност во нивните љубовни односи, а некои од нив ќе се решат да основаат семејство. Ако сте во контакт со некој Бик, веројатно комуникацијата ќе стагнира, но тоа не е ваша грешка.  Една личност родена во Близнаци, Вага или Девица ќе се обиде да се врати во вашиот живот и да ве натера повторно да се заинтересирате за неа. 

Планетата на акцијата Марс се движи низ вашата седма куќа на партнерства во текот на април и ви помага да изградите добар однос во љубовта. Лесно ќе креирате атмосфера на соработка, а лесно ќе ги решавате конфликтите, ако се појават. Ова ќе ви помогне да изградите солидни односи, но и да се чувствувате подобро. Особено, со поддршката на сериозниот Сатурн кој формира конјункција со Марс на почетокот на месецот. 

На 3 април, планетата на комуникацијата Меркур влегува во вашата петта куќа на задоволството, носејќи ви силна потреба за интимност и љубовна возбуда, без оглед на вашиот статус. Ако сте сами, ќе и дадете шанса на некоја посебна личност да ве освои. Можеби сето тоа ќе започне како еден вид авантура, но за некое време, ќе почувствувате и силна поврзаност и заљубеност. Оние кои се во врска ќе се препуштат на задоволството и страста, но не треба да заборават на значењето на комуникацијата.

Здравје 

Добро се чувствувате.