Месечен хороскоп за април 2023: Девица

Ова е месец кој го носи вашиот момент да блеснете.

Работа

Април е месец кој ви носи можност да планирате за иднината, но и да достигнете голем професионален успех. Меркур минува низ вашата деветта куќа на мудрост и разбирање. Како резултат на тоа, вашиот ум има милион идеи, но и постојано трагате по ново знаење. Сето ова, ќе донесе една голема идеја, но и поддршка од вистинските луѓе, со што април е месец на голем успех за вас.

Само потрудете се да имате отворен ум и да останете флексибилни низ сите случувања, кои ќе ги има многу. Април ви носи можност да напредувате преку вашите лични напори. Потрудете се да не правите грандиозни напори за да ги импресионирате другите. 

Ако треба да донесете одлуки, потрудете се да не брзате, особено ако тоа се однесува на работа со странство. Одредени препреки ќе бидат неизбежни овој месец, но ако сте внимателни, воопшто и нема да се сеќавате на нив како што месецот се приближува кон крај. 

На 3 април, Меркур влегува во Бик и ве поттикнува да размислите за балансот меѓу вашиот личен и професионален живот. Вие сте најголемите работници во хороскопот, но ова е период кога треба да здивнете и да утврдите што е она што е важно за вашето ментално здравје. На 6 април со полната Месечина во Вага ќе бидете дополнително поттикнати да се погрижите за својата добросостојба правејќи работи кои ве прават среќни, а тргајќи го телефонот на страна, подалеку од вас.

На 11 април, шармантната планета на љубовта Венера ќе почне да се движи низ вашата единаесетта куќа на репутација, носејќи ви многу можности во вашата кариера. Ќе бидете обожавани од другите,  а и лесно ќе ги импресионирате новите луѓе кои ќе ги запознавате. Во истиот период, конјункцијата на Венера и Плутон ви помага да се ослободите од одредени блокади кои можеби постоеле во минатото. Ова е ваш момент кога ќе сфатите дека навистина можете да постигнете што и да посакате.

Уживајте во својата лична моќ и искористете ја мудро, драги Девици! 

Соларната еклипса на 19 април ви носи финансиска добивка која можеби не ја очекувате. Ова е транзит кој не само што ви носи финансии, туку и задоволство од вашиот живот и самодоверба. 

Сонцето влегува во Бик на 21 април, а ова за вас е период на раст и изобилство на можности. Вашиот распоред ќе биде прилично исполнет, но ќе се чувствувате продуктино. Само потсетете се да направите пауза кога тоа ви е потребно. 

Најголем успех доаѓа за Девиците кои работат на полето на медиуми, издаваштво, образование, патувања и меѓународен бизнис. 

Љубов

Ова е месец кој ви носи одлично расположение и радост, но и фокус на романсата и љубовта. Без оглед на вашиот љубовен статус, ќе уживате во флертот и вниманието кое го добивате од другите. 

Но, на почетокот на месецот можна е дестабилизација особено бидејќи ќе ви биде тешко да најдете време за љубов, а другите ќе го очекуваат тоа од вас. За среќа, крајот на месецот успева да ви донесе баланс и подобро расположение со фокус на љубовта. 

Универзумот ви порачува да се забавувате, да се препуштите на задоволствата и да го користите своето слободно време со оние кои ви се драги. 

Околу 7 април ќе имате потреба да бидете сами, да се оддалечите од другите и да се ставите себеси на прво место. Тоа е сосема во ред, се додека сте јасни кон другите и не исчезнувате од нивниот живот, терајќи ги да се прашуваат што не е во ред. 

На 21 април со ретроградниот Меркур ќе бидете во ситуација да ги разбирате работите погрешно, лошо да се изразувате и да влегувате конфликти, но имајте на ум дека Меркур секогаш прави хаос во комуникацијата кога се движи ретроградно. 

Здравје 

Намалете ги цигарите.