Месечен хороскоп за април 2023: Близнаци

Април ви носи чувство како да танцувате на вашата омилена песна и не можете да престанете.

Работа

Ова е месец кој ви носи поддршка од планетите, но ќе биде важно точно да знаете што сакате. Имате можност да ги остварите своите надежи и соништа, но и да изградите тим од луѓе на кои можете да се потпрете и да им верувате. 

Станувате поголеми оптимисти и полесно ги решавате своите проблеми од претходно. Имате голема поддршка и почит од своите колеги и надредени, а вашата популарност ќе расте овој месец. Но, мудро би било малку подобро да се организирате и да одредите цели кои би сакале да ги исполните со поддршката на сите овие луѓе околу вас. 

Ако работите работа поврзана со јавноста ќе бидете сериозни и посветени, но и одмерени, што ќе наиде на одлична реакција од другите. Крајот на месецот ви носи понуда за која само би можеле да сонувате. 

Вашата владејачка планета Меркур ќе се движи низ вашата дванаесетта куќа на потсвеста на почетокот на месецот, почнувајќи од 3 април. Тоа ќе ве направи позатворени и интровертни, така што ќе ги изненадите луѓето околу себе. Ова е период кога ќе се навраќате кон минатото и ќе барате одговори таму. Тоа е одлично бидејќи ќе ви помогне да поставите цели за иднината, но не дозволувајте да се опседнувате со некои работи кои не можете да ги промените, ниту пак да се каете за нешто што би можело да биде. 

На 5 април со конјункцијата на Меркур и сериозниот Сатурн во вашата десетта куќа на кариера, ќе почувствувате силна интелектуална енергија во вашиот живот. Овие планети ви носат јаснотија и концентрација, но и фокус на вашите долгорочни цели. Посветете се на она што ви значи, а тоа гарантирано ќе ви донесе одлични резултати.

Соларната еклипса на 19 април е важен астролошки настан кој ќе ве поттикне да направите листа на работи кои сакате да ги постигнете во следните години. Ако имате потреба од поддршка од другите, не се плашете да им пристапите. 

Љубов

Овој месец има потенцијал да донесе сериозни промени на ова поле за вас, драги Ракови. Ако сте долго во врска или брак, тоа може да значи прилагодување на потребите на саканата личност, колку напорно и да ви изгледа тоа. Ако сте слободни, ќе бидете освоени од една посебна личност, која ќе покаже голем интерес за вас. 

Ова е период на многу нови познанства, страствени врски и љубов. 

На 3 април, Меркур влегува во Бик што ќе ве натера да размислите како комуницирате со луѓето кои ви значат и да ве поттикне да ги подобрите своите комуникациски вештини. За некои Близнаци, ова  значи подобар начин на искажување на своите емоции, поголема посветеност кон партнерот или пак дури и поставување граници и помалку време поминато на телефон. 

Првиот ден кој ви носи среќа на ова поле е 6 април со полната Месечина во Вага. Тоа е ден кога ќе се чувствувате како да сте погодени од купидовата стрела, па така, голем дел од Близнаците би можеле да се заљубат на овој ден, да ја сретнат својата сродна душа и да дадат големи и важни ветувања. Иако за голем дел до знаците оваа лунација носи драма, за вас ќе донесе задоволство и потреба да се фокусирате на задоволство, а не на конфликти. 

На 11 април, Венера се преместува во вашата прва куќа на идентитет што ќе ве направи шармантни и неодоливи. Оваа планета на убавината и љубовта ви носи шарм и харизма со тоа што ќе освојувате и ќе уживате во флертот и поврзувањето. 

Три дена потоа, Сатурн ја предизвикува Венера и ви носи период на доцнења, но и недоразбирања во комуникацијата, што може значително да влијае на вашите љубовни односи. Што и да е, ќе помине. Имајте го тоа на ум.

Првиот ретрограден Меркур за оваа година ни пристигнува на 21 април, на самиот почеток на сезоната на Биковите. Со оглед на тоа дека Меркур е ваш владетел, вие сте знак кој е често најпогоден од ретроградните аспекти. Но, не дозволувајте да се нервирате премногу (особено за оние работи кои не можете да ги промените) и бидете внимателни како комуницирате со своите сакани. Можни се недоразбирања и конфликти за време на овој транзит, но вие тоа веќе го знаете и знаете како да ги надминете проблемите со својот шарм и харизма. 

Здравје 

Внимавајте на зглобовите.