Април ве поттикнува отворено да споделите како се чувствувате.
Работа
Марс е планета на акцијата, а во текот на април, тој ќе го стимулира вашиот ум и ќе ви донесе неверојатни идеи. Ќе бидете фокусирани на учење, патување и стекнување нови искуства кои ќе ви донесат успеси на ова поле, но и нови соработки.
Но, голем дел од месецот вие ќе бидете фокусирани на изминатиот период, успевајќи да измерите каде сте и каде треба да бидете до крајот на годината. Ова е месец кој ви нуди можност да ја покажете на дело својата рационалност, но и добра комуникација. Ве очекуваат многу можности за заработка и зголемување на приходите, но и патувања во странство кои означуваат нова ера за вашиот професионален живот.
Лесно ќе успеете да се снајдете во секоја ситуација, но заборавете на сомнежот во себе. Но, внимавајте да не ги споделувате своите планови со други луѓе, особено ако станува збор за долгогодишни соработници. Вториот дел од месецот ќе биде поповолен на полето на финансиите, па ќе можете и да се почестите нешто убаво со почетокот на вашата роденденска сезона.
На 3 април, планетата на комуникацијата Меркур влегува во вашиот знак што ќе ви донесе знаење, но и прослава на нешто големо на ова поле. Прославете со најблиските и потсетете се колку вредите.
На 11 април, Венера го започнува својот престој во вашиот сектор на пари и вредности. Ова е одличен транзит кој ви носи финансиска добивка, или пак план како подобро да трошите и штедите и да најдете стабилност на ова поле. Имајте на ум дека Венера е планета на уживањето, па тоа може да ви донесе и искушение да трошите, па затоа бидете внимателни, како ќе се поставите. Најдобро е да направите план и распоред на трошоците и да не се препуштате на купување луксузни нешта кои можеби никогаш нема да ги искористите.
За многу астролози, ова е и најсреќниот ден во годината, а вам ѕвездите ве советуваат да го поминете во мир и со инспирација на идеи за следниот период.
Но, на 21 април, Меркур го започнува своето ретроградно патување во вашиот знак, што може да донесе промена во плановите, недоразбирања на ова поле, па затоа ќе треба да сте внимателни и да не сфаќате лично она што другите го прават или кажуваат.
Љубов
Вие сте несигурни во однос на некои прашања поврзани со љубовта, но веројатно самите треба да си дадете одговор зошто е тоа така. Повлечени сте во себе, некогаш и незадоволни, но и срамежливи. Сепак, ова е време за промени!
Подгответе се за љубов бидејќи Венера која е вашата владејачка планета го започнува месецот со конјункцијата со Нептун носејќи ви страст и задоволство на ова поле. Ова е одличен период да уживате во животот, да бидете спонтани и да се препуштите на задоволството. Излезете од својот дом и дајте им шанса на другите луѓе да ве запознаат.
Можно е да започнете комуникација или врска со уметник, а тоа да биде најромантичниот љубовен однос во кој сте влегле досега. Особено ќе бидете среќни ако тоа е личност родена во знакот Стрелец, Риби или Јарец. Но, за некои Бикови можна е комуникација и прилично бурен однос со Овен или Водолија.
Моќниот Плутон е во позитивен однос со Венера во овој период, што ви носи силно внимание од другите луѓе, без оглед на вашиот љубовен статус. Плутон ја зголемува страста, но за некои Бикови може да донесе опсесија за луѓето кои им значат. Ова е одлична енергија се додека сте внимателни како ја користите. За слободните Бикови, овој транзит може да донесе нова романса.
На 14 април, Сатурн би можел да донесе стрес во вашиот живот. Иако ќе се соочите со предизвици, не заборавајте дека отворената комуникација е клучна за да ги надминете проблемите со кои се соочувате. Не ги туркајте работите под тепих, туку кога некој ви значи, отворено покажете го тоа. Вие сте чувствителна личност, но нема потреба да го криете тоа од другите.
Соларната еклипса на 19 април ќе ви донесе некаков багаж од минатото со кој ќе треба да се соочите на начин кој не ве оптоварува, туку напротив ви помага, минатото да го оставите зад себе. Ова е одличен период да погледнете напред и да се подготвите за позитивни промени.
Вашата сезона започнува на 21 април, а ова е период кога ќе бидете во центарот на вниманието. Со Сонцето во вашата прва куќа на вашата личност, ќе бидете забележани од другите луѓе и колку и да не го сакате вниманието, ќе уживате во љубовта од другите луѓе. Прославете со оние кои ви значат, а тоа може да ви донесе нови луѓе и конекции.
Здравје
Проверете го видот, време е за посета на очен лекар.