Месец на среќата на плоштад Македонија

Од денес, 13ти април, заклучно со 13ти мај, Државна лотарија на Македонија,  отвора среќно место на плоштад Македонија. 

Во чест на одбележување на седугодишнината од приредување на игрите на среќа, во срцето на Скопје, при прошетка низ градскиот плоштад, граѓаните љубители на игрите на среќа ќе можат да се вклучат во игрите НовоЛото 7/34 и инстант лотаријата со можност за забава и освојување вредни добивки. 

Во сабота пред одржувањето на 700тото редовно коло на играта на среќа НовоЛото 7/34 во тек на денот ќе се одржи забавна активност и дружење со водителката Марјана Станојковска. Со оглед што тоа е воедно и Велигденско коло, за учесниците во играта НовоЛото 7/34, кои својата уплата ќе ја реалзираат на 15ти, предвидени се и соодвени подароци.

Дополнително ќе информираме и за други активности кои ќе се реализраат на новото среќно место за време на месецот на среќата на Државна лотарија на Македонија.