Мериот хотели: Многу луѓе прашуваат зошто имаме хотел во Скопје, а не и во Софија?

Многу луѓе прашуваат зошто имаме хотел во Скопје, а не во Софија. Еве денес официјално соопштуваме дека Мериот наскоро започнува со изградба на два хотели во Бугарија, едниот во Софија и вториот во Банско. Ова во интервју за порталот SeeNews го истакна Паул Розенберг, директор за проширување во Европа.

Вредноста на хотелот кој ќе се гради во Софија ќе биде 58,3 милиони евра и истиот ќе вклучува 232 соби, 5 различни ресторани. Според плановите проектот треба да се заврши до 2020 година и во него да се вработат 250 луѓе.

Софија е еден од последните европски градови во кои Мериот сеуште нема отворено хотел.