„Мерцедес“ се судри со мотоцикл - едно лице заврши во болница

Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа на локалниот пат во с.Теарце, тетовско при што е повредено едно лице.

- На 01.01.2023 во 14.45 часот пријавено е дека на локалниот пат во с.Теарце, тетовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(40) од с.Доброште и мотоцикл „кавасаки“ без регистарски ознаки, управуван од  Б.Ц.(20) од с.Теарце, информира МВР.

По несреќата возачот на мотоциклот Б.Ц. е пренесен во Клиничка болница Тетово каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот по овластување на Јавен обвинител извршила увидна екипа од СВР Тетово.