„Мерцедес“ прегази велосипедистка во Скопје

Возач со „мерцедес“ прегази велосипедистка во Скопје. 

На 05.06.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов" во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки управувано од С.И.(58) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Б.К.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.К., констатирани во Градска општа болница „8 Септември", соопшти МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.