„Мерцедес“ прегази пешак кај Цементара

Автомобил марка „мерцедес“ удри во пешак доцна синоќа на булеварот „Борис Трајковски“. Несреќата се случила во близина на Цементара.

Сведоци на настанот посочуваат дека лицето кое било удрено е пренесено во болница со Брза помош.

Полицијата веднаш излезе на терен, а детали околу несреќата се очекуваат во текот на денот.