МЕПСО ги искара граѓаните: За мобилен и Интернет може да плаќате високи сметки а за струја многу ви се

АД МЕПСО излезе со соопштение по  реакцииите во јавноста за новото зголемување на цената на елетричната енергија.  Велат дека компанијата побарала покачување затоа што планира инвестициски циклус од околу 100 милиони евра.

Тврдат дека во земјава не постои производител на потребната опрема за трафостаниците и далеководите и поради тоа целата таа опрема се набавува од странство поради што според нив голото споредување  на цената на мегаватчас електрична енергија со просечната плата во нашата земја е некоректно. Врз основа на анализите кои ги направила компанијата се утврдило дека се потребни инвестиции  во постоечката инфрастуктура,  постројките и далеководите.

За жал, во одредени сегменти на нашето општество сеуште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија; дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи, често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан, се вели во соопштението од Мепсо.