Се менува оштетената урбана опрема низ градските сообраќајници

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје викендов почнаа со менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници.

На терен на повеќе локации во Градот се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките и рабници од тротоарите. На терен ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана.

Оваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период и предвидено е да бидат опфатени сите градски сообраќајници во општините.