Менаџерите беа главни фаци...Скопска шема во „наше време“

Имав среќа да фатам многу убав период од ноќниот живот во Скопје. Во оваа тема очекувам носталгично да се вратиме во минатото на скопската шема и забавниот пулс на главниот град.90- тите бea вистински рај во поглед на новонастанатите бендови, клубови и музика, а едни од најголемите македонски хитови кои сеуште се вртат по македонските радија се родени во тој период.

Едни од најпознатите кафулиња и клубови кои скопјани сеуште ги паметат се: Летното МНТ, Ла Фабрик, Уна, BOULEVARD, Мусандра, Елемент и уште многу други легендарни места кои се неизбежен дел од сеќавањата на една генерација во Скопје.

Менаџерите ги знаеa сите а истите бea одговорни за делење на гратиси и конзумации за забавите и настаните. Познато беше дека плавите гратиси се за машки а розевите за женски. И тоа било тоа. Едноставно време со многу голема понуда за добра забава во главниот град. 

Фото потсетување на забавите од „наше време“: