Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили Роберт Петковски кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, на фудбалското игралиште во Бунарџик, се одржа меморијален натпревар меѓу екипите на Бунарџик-Роберт Петковски и на Миладиновци.
Во рамките на одбележувањето беше положено свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, во присуство на семејството на Роберт Петковски и на претставниците на Општина Илинден, предводени од градоначалникот Жика Стојановски.
Годинава се одбележуваат 18-ет години од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце во 2001 година.