Легендартните Меморија годинава најавија големо враќање на сцената, закажан е концерт за 18-ти ноември, а картите веќе се пуштени во продажба. Концертот ќе се одржи во Метрополис арената, пробите се веќе започнати.
Важна информација за сите фанови е дека првите 1.500 карти ќе се продаваат во пакет со албум кој ги содржи најубавите балади на Меморија, така да побрзајте и набавете си карта за овој концерт. Картата чини 500 денари.