Мемети: Граѓаните да ја тужат државата, МВР им ги крши правата

Пасошката криза отштети илјадници граѓани поради неможноста да ја напушатат државата. Дел ќе ја изгубат работата  во  странство, дел парите, затоа што уплатените аранжмани и купените авио билети сега ќе им пропаднат.

Во издавањето документи не може да има застој. Правото за движење на граѓаните е загарнатирано со Устав, реагира Народнитиот Правобранител. Затоа ги и повика оштетените да поднесат поединечни претставки до него. На тој начин, вели, ќе имаат аргумент плус кога ќе го тужат Министерството за внатрешни работи, дека им е скретено правото да патуваат.

- На тој начин ќе имаат доказ, кој ќе им помогне во тужбата до МВР дека им е скратено основното право за движење и полесно ќе го добијат спорот, изјави Иџет Мемети, Народен Правобранител

Мемети е разочаран од односот на надлежните. Ги повика што поскоро да го решат проблемот, наместо политички да се препукуваат

- Несериозно е и за секоја осуда она што МВР им го прави на граѓаните и на ваков начин им го прекршува нивното основно , Уставно право. Изразувам голема загриженост и за нивото на комуникација помеќу институциите. Во најмала рака, загрижувачки и срамно,  додава Мемети.

Единствениот надлежен, кој може да влезе во МВР и да направи увид во документцијата и реланата состојба дали има обрасци  или не не е токму Народниот Правобранител. За правна помош, односно совет граѓаните можат да се обратат и до Хелсиншкиот Комитет за човекови права.