Меки стапчиња кифли

Состојки:

1кг брашно

550мл млеко за варење

40гр квасец

2 лажици шеќер

1 лажица сол

1 лажица вински оцет

1/3 лажичка сода

Подготовка:

Замесувате  меко тесто, го оставате да стасува околу 1 час. Потоа го размесувате и го делите на топчиња, секое топче го расукувате во форма на триаголник меѓутоа краците ги правите што подолги и потенки.

Потоа кифлички и ги ставате во плех на хартија за печење. Потоа ги оставате околу 30 минути да стасуваат во плехот. На крај ги премачкувате со изматена жолчка од јајце и ги наросувате со сол или ленено семе или сончоглед семки. 

Печете на 200 степени без додека не заруменат.