Меки колачиња од тиква - уживајте во слаткиот вкус

Тиквата е есенски производ кој е лесно достапен и присутен на рафтовите во продавниците и на зелените пазари. Од неа можете да направите и солени и слатки јадење. Во прилог, ви претставуваме нешто слатко, а тоа се неодоливи колачиња од тиква. Идеални за овој период и супер идеја за викендот кој ни претстои.

Потребно ви е:

-2 1/2 чаши брашно за сите намени
-1 лажичка сода бикарбона
-1 лажичка прашок за пециво
-1 лажичка мелен цимет
-1/2 лажичка мелено морско оревче
-1/2 лажичка сол
-1 1/2 чаши гранулиран шеќер
-1/2 чаша путер, омекнат
-четвртина чиста, обарена тиква
-1 големо јајце
-2 лажички екстракт од ванила, поделени
-2 чаши шеќер во прав
-3 лажици млеко
-1 лажица путер, омекнат

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180° Целзиусови. Премачкајте ја хартијата за печење со масло.

Во средна чинија измешајте: брашно, сода бикарбона, прашок за пециво, цимет, морско оревче и сол. Изматете го шеќерот и 1/2 шолја путер во голем сад за миксер и миксирајте додека не се изедначат добро. Изматете ги тиквата, јајцето и 1 лажичка екстракт од ванила додека не се изедначат. Постепено додавајте и матете во смесата со брашно. Оформувајте топчиња од смесата со помош на лажица и ставајте ги на хартијата за печење. 

Печете 15 до 18 минути или додека рабовите не се зацврстат. Потоа колачињата се ладат на хартијата за печење 2 минути додека се се уште во изгасната рерна, а потоа целосно извадете ги надвор да се изладат. Во помал сад измешајте го просеаниот шеќер во прав, млекото, 1 лажица путер и преостанатата 1 лажичка екстракт од ванила и мешајте додека не се изедначи. Посипете ги колачињата со добиениот прелив. На здравје!