Мек Кејлеб дојде во Скопје ! (фото)

По завршувањето на обврските кон клубот Лимож во Франција, за американскиот кошаркар со македонски пасош, Лестер МекКејлеб, започна летната пауза, но тој ја искористи можноста да дојде во нашата престолнина.

Популарниот Бо денес се фотографираше пред хотел „Русија“ која е во склоп на спортскиот центар „Јане Сандански“. Се шпекулира дека МЗТ Скопје кој како домаќин игра во „Јане Сандански“ е заинтересиран за услугите на нашиот кошаркарски репрезентативец .

Од МЗТ Скопје потврдија дека ќе преговараат со популарниот Бо.