Мек и сочен млечен колач со бело чоколадо

Колач кој наликува на трилече, но начинот на подготовка е различен. Особено уникатен вкус му дава белото чоколадо.

Состојки за тесто:

2 јајца
100 гр шеќер
Еден ванилин шеќер
100 мл млеко
50 мл масло
160 гр брашно
Лажичка прашок за пециво

Прелив:

200 мл млеко
60 гр шеќер
Арома на ванила
50 гр путер

Крем:

200 гр бело чоколадо
100 мл слатка павлака
50 гр потпечени сецкани лешници

Подготовка:

Со миксер се матат јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Се додаваат млекото и маслото, се мати кратко, па се додаваат просеаното брашно со додадено пециво и се меша со лажица. Тестото се пече во калап од 20 сантиметри, 20 минути на 180 степени. 

Додека се пече, ставете ги сите состојки за преливот во тенџере и на средна температура загрејте додека сè да се спои. Прелијте врз колачот и оставете добро да впие течност. 

Стопете го чоколадото во слатката павлака и стаете ги лешниците. Прелијте врз колачот. Оставете да преноќи во фрижидер и служете го следниот ден.