Мек и неодолив колач - се прави од најевтини состојки

СОСТОЈКИ:

4 јајца

100 гр ореви

100 гр гриз

50 мл масло

100 гр шеќер

2 јаболка

1 ванилин шеќер

1 прашок за печиво

200 мл јогурт

цимет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете јајца со шеќер, додајте мелени ореви, гриз, прашок за печиво, масло, рендани јаболка, јогурт и малку цимет. 

Сè добро изедначете и ставете во намастен плех. 

Печете на 200 степени околу 40 минути. После 15 минути печење, извадете го плехот од рерна и прекријте го со алуминиумска фолија. 

Кога ќе го испечете колачот, посипете го со ванилин и шеќер во прав. Исечете го дури кога малку ќе се излади. 

Колачот се прави лесно, состојките се евтини, а вкусот е фантастичен.

Уживајте!