Меил за поставен експлозив стигнал и во училишта во Бутел и Карпош

Дојави за бомби во неколку училишта утрово ги вознемирија жителите на Аеродром. Освен во Аеродром, дојава за бомба има и во основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“ во Бутел. Родителите информираа и за дојава за бомба во ОУ Димо Хаџи Димов“ во Карпош.

Учениците се евакуирани, а наставниците веќе ги информираа родителите да си ги земат децата. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово информираше дека дојави за бомби има и во неколку средни училишта во Скопје. 

- Денеска (07.02.2025) на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во текот на денот, соопштија од полицијата.