На ликовната колонија „Љубанци 2023“ учествуваат 25 ликовни уметници од Република Македонија, но и од соседните земји, Република Бугарија и Република Србија, а истата трае 7 дена.
Оваа година сликите кои ќе бидат насликани ќе бидат донирани од страна на Општина Бутел.
- Ја продолжуваме традицијата и инвестираме во културата и културните настани со што се збогатуваат културните содржини во Општина Бутел, информира градоначалникот Дарко Костовски.