Меѓу Злокуќани и Бардовци: Во Карпош ќе се гради првата еко-населба

Општина Карпош е во финална фаза на подготовка на проектот за изградба на првата еко-населба во Република Македонија. Истата е предвидена да се простира на потегот меѓу Злокуќани и Бардовци.

По средба што ја имаше во ноември (2017), градоначалникот Стефан Богоев,  имаше можност да се запознае со напредокот на проектот и да се запознае со новостите на тој план со присутните гости, учесници во проектот Cool Heating.

„Она што е значајно е дека, населбата ќе користи обновливи извори на енергија кои ќе ги заменат традиционалните начини на греење и ладење кои предизвикуваат загадување на животната средина“, информираат од општината.

Градоначалникот Богоев извести дека има нов урбанистички момент кај делот меѓу Бардовци и Злокуќани, а тоа е изградбата на новиот Клинички центар. Исто така, посочи дека постои голем интерес кај инвеститорите за вложување во овој дел на Општината, а и за комплетно подобрување на инфраструктурата во целост.