
Ако станам градоначалник на Општина Чаир, тогаш заменик-претседателот и поранешен министер, Беким Сали, ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер, изјави министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити.
„Во рамките на коалицијата Вреди се согласивме дека Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста“, изјави Меџити.
Беким Сали беше министер за здравство после мандатот на Венко Филипче. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Меџити ќе продолжи да ги исполнува своите должности и покрај најавената кандидатура за претстојните локални избори.