Медицинските сестри се три пати поизложени на зараза со коронавирусот

Болничарките и болничарите се три и пол пати повеќе изложени на ризик од развој на ковид- 19, од останатото население, според студијата објавена денеска, која исто така покажа зголемен ризик кај етничките малцинства.

Студијата, објавена од стручното списание Лансет, ги анализира податоците внесени од корисниците на специјалната апликација „Ковид“ на паметните телефони во Велика Британија и САД од 24 март до 23 април, а потоа се споредува ризикот од заболување кај медицинскиот персонал и другите корисници на апликацијата.

Меѓу 100.000 медицински персонал во болниците што ја користеле апликацијата, 2.747 биле заразени со ковид- 19, додека меѓу 100.000 други корисници, имало 242.

Имајќи ја предвид разликата во достапноста на тестирање на коронавирус кај медицинските сестри и остатокот од населението, авторите проценуваат дека постои 3,4 пати поголема веројатност за заболување од коронавирус кај медицинските сестри.

Ризикот е дури пет пати поголем кај оние кои изјавиле дека се припадници на етничките малцинства, црнците или Азијците, дури и кога ќе се земе предвид нивната претходна медицинска состојба, додаваат авторите.

"Нашите резултати ја потврдуваат структурната нееднаквост. Медицинските сестри кои припаѓаат на малцинствата почесто работеле во поризично клиничко опкружување, со пациенти за кои се сомневаше или е потврден коронавирусот, а заштитната опрема им беше подостапна", изјави д-р. Ерика Ворнер од Медицинскиот факултет Харвард и општата болница на Масачусетс.

Нееднаквоста во достапноста на заштитни маски, нараквици, облека и друг заштитен материјал е исто така важен фактор на ризик.

Меѓу медицинските сестри кои користеле несоодветен материјал, ризикот е 1,3 пати поголем отколку кај оние кои располагаат со задоволителна опрема, велат авторите, истакнувајќи дека студијата е спроведена за време на период на недостиг на заштитна опрема.

Студијата исто така покажа дека за секоја трета медицинска сестра, припадник на малцинството, соодветна заштитна опрема не и била достапна (или морало повторно да се користи), додека, меѓу другите, била достапна за секој четврти.

Студијата првично вклучува 2.6 милиони корисници на апликации во Велика Британија и 182.408 во САД. Кога луѓето кои ја користеле апликацијата помалку од 24 часа и оние кои претходно биле позитивни за коронавирус биле елиминирани, во студијата учествувале 2,1 милиони луѓе, од кои 99.995 од нив рекле дека се старатели со директен контакт со пациенти.