Медицинските сестри не добија работа, најавуваат нов собир пред Министерството за здравство

Револт на медицинските сестри кај матичните лекари кои останале без работа. Месец дена по ветувањето на министерството за здравство дека со законски измени ќе можат да се вратат во јавното здравство сеуште ништо не е реализирано.

Во меѓувреме се зголемува бројот на медицински сестри кои остануваат на улица поради затворање на ординациите на концесионерите. Месецов уште 7 сестри ги снашла иста судбина, а претходно  беа 40-тина. Најавија дека наредната средба ќе ја одржат пред кабинетот на Филипче за лично да слушнат до каде е нивното решение.

-Директно ќе бараме нешто да се реши. Веќе шест месеци бараме или како вели народната “Карванот си врви сестрите остануваат на улица “, изјави Гордана Бешлиовска, претседател на ЗМСТА – ЗА НАС.

-Го молиме да ни одговори министерот до каде е решавањето на нашиот проблем, изјави Валентина Ѓошевска, медицинска сестра.

Од министерството за здравство одговорија дека законот во кое е вметнато нивното решение е во собраниска процедура.

-Во законот за здравствена заштита  вметната е одредбата со која медициснките сестри од кај концесионерите кои по било кој основ ќе останат без работа ќе имат можност да бидат преземени од јавни здравствени установи.

Инаку од Унијата на медицински сестри посочија дека на некои скопски клиники не им била зголемена платата на сестрите, а само лекарите добиле повеќе пари