Медицинскиот персонал во Тетово се обидувал да го гасне пожарот со вода и ќебиња

Медицинскиот персонал во модуларната болница во Тетово се обидувал со вода и ќебиња да го изгасне огнот кој избувна од преоптоварен продолжен кабел на кој бил приклучен дефибрилатор и други потрошувачи. Со ова, всушност се докажува дека не постоеле ПП-апарати во објектот. 

Начинот на кој се обиделе да се справат со огнената стихија со она што прво им дошло до раце, за “Фокус”, го откриваат од Обвинителството.

Присутните се обидувале да го изгаснат огнот со она што им било „при рака“, но пожарот пребрзо се ширеше, што резултираше со 14 лица кои загинаа во оваа голема трагедија.