Медицински лица, административци и вработени во општествено одговорни компании денеска го чистеа детското игралиште во Дексион

ЈЗУ Специјалистичка болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје информираа дека денеска вработени од нивната установа учествувале во хуманата и општествено-корисна акција „Clean up session" на детското игралиште во Дексион, организирана од Општина Ѓорче Петров во соработка со Центарот за климатски промени.

„Заедно со ООУ „Ѓорче Петров", Трокенбауер, Вардар Градба, Комуналниот пункт и вработените на општината, го расчистивме просторот и ги обновивме клупите, а наскоро следува и обнова на кантите и детските реквизити“, посочија од болницата.

Оттаму порачаа дека ќе продолжат да бидат дел од промените за почисто, позелено и посигурно Ѓорче.

Активноста е дел од проектот WeLEADRural, во рамки на BOOST Balkans.