Мед -  злато за нашето здравје во текот на зимата

Откако постојат пчелите, постои и медот. 

Постојат различни видови мед, но составот на багремовиот, ливадскиот и костеновиот мед е ист. Една лажичка мед содржи 64 калории, а истовремено и многу високи енергетски вредности. Медот не содржи масти и холестерол, а богат е со витамините А, Д, Ц, Е и К. 

Во продолжение, ви споделуваме шест причини зошто треба да го конзумирате медот секој ден, особено во зимските денови.

Повеќе енергија

Недостатокот на енергија често се обидуваме да го надополниме со чоколада или кафе, па потоа имаме проблеми со шеќерот. Ниското ниво на енергија може да биде подобрено со мед. Само една лажичка од ова злато содржи 17 гр јагленохидрати, но и непреработени шеќери кои се разградуваат бавно и ни ја даваат енергијата која ни е потребна.

Помош при кашлица и грип

Медот е одличен за смирување на лошата кашлица која е предизвикана од грипот. Помага и кај зимските настинки, бидејќи го смирува грлото, а се смета и за природен антибиотик.

Подобар сон

Верувале или не, медот може да ви помогне побрзо да заспиете и тоа на сосема природен начин. Пред да отидете на спиење земете малку мед. Можете да го растопите во топло млеко или чај или пак само во обична вода. Медот го зголемува нивото на инсулин во телото, а со тоа се лачи повеќе мелатонин кој ни помага да запиеме.

Јакнење на имунитетот

Медот содржи антибактериски и антиоксидативни својства кои помагаат за чистење на организмот, делуваат на системот на варење, а го чуваат и нашиот имунитет. 

Го подобрува сексуалниот живот

Викинзите го подобрувале својот сексуален живот и плодноста со помош на медот. Тој е одличен афродизијак кој го поттикнува либидото, го подобрува расположението, истовремено кај мажите придонесува и за лачење на тестостерон, а кај жените естроген. 

Победа над алергиите

Луѓето кои имаат проблеми со алергиите во текот на пролетта можат да имаат голема помош од медот, особено преку неговото редовно конзумирање бидејќи тој му помага на телото да изгради природен механизам за одбрана од алергиите. Тој може да помогне подобро да дишете и полесно да ги преживеете алергиите без течење на носот и црвени очи.