Мед и цимет: Најмоќната зимска комбинација за добро здравје

Медот и циметот се две хранливи намирници кои носат многу предности за нашето здравје.

Освен тоа, ова е одлична комбинација со супер вкус, па и мирис, која може да се комбинира секој ден. Оваа комбинација се користи за слабеење, за јакнење на имунитетот, подобро варење, здрави зглобови, кардиоваскуларни заболувања, несоница, па и исцрпеност.  Особено корисна е и за болки во грлото, за време на настинки и грип.

Најдобро е да користите 100% органски пчелин мед и цимет во прав. За подготовка користете 1 лажица мед и 1 лажица цимет во прав. Измешајте добро за да добиете хомогена смеса. Сепак, не претерувајте со циметот бидејќи може да ви пречи претераното количество. 

Можете секојдневно да конзумирате по 1 лажица од оваа смеса, а за децата се препорачува 1 мала лажичка. Смесата може да се растопи и во топла вода или пак чај.

Медот и циметот кога се комбинираат секојдневно ги носат следните бенефити за нашето здравје:

Слабеење – го активираат метаболизмот и ја намалуваат потребата за внес на шеќери. Циметот има способност да го регулира нивото на шеќер во крвта и помага во елиминација на вишокот течности и масти. 

Јакнење на имунитетот – ваквата мешавина делува како природен антибиотик, го штити организмот од студот во текот на зимските денови и ја спречува појавата на болести и настинки.

Болки во грлото – антибиотските и антивоспалителни својства ја прават оваа комбинација одлична за болното грло. Можете да ја додадете во топла вода и да правите гаргара или пак директно да ја конзумирате мешавината, со тоа што ќе легнете на грб и ќе дозволите полека да се лизга низ вашето грло.

Кардиоваскуларни заболувања – мешавината на мед и цимет ја подобрува циркулацијата, го намалува нивото на холестерол во крвта, ги јакне крвните садови, ја регулира работата на срцето и ја намалува појавата на други заболувања поврзани со срцето. 

Зголемување на либидото – циметот се смета за еден од најдобрите природни афродизијаци, како за жените, така и за мажите. 

Варење на храната – ако имате проблем со варењето и зголемени киселини во желудникот, во чаша топла вода измешајте лажица од оваа мешавина и пијте пред оброците. 

Енергија – благотворните својства на медот и циметот го ревитализираат организмот, ги намалуваат исцрпеноста и заморот. Во овој случај, ваквата комбинација се препорачува да се зема на празен желудник.