Мечот Македонија- Албанија нема да се игра во Скопје!

По дебаклот во квалификации за ЕП 2016, погледите на македонската фудбалска јавност веќе се свртени кон тоа што не очекува за следниот квалификациски циклус за СП во Русија 2018 година.

Македонија се најде во „Г“ групата каде за ривали ќе ги имаме Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн.

-Тоа е познато, но непознато е дека, така барем велат нашите неофицијални информации, дека две средби како домаќини ќе ги играме во Струмица, а не во Скопје. Од неодамна ФФМ е со идеја, натпреварите со Израел (06.10.2016) и Албанија (05.09.2017), нашата најдобра репрезентација да ги игра на југот на Македонија, во Струмица, на стадионот „Младост“, пишува Македонски Спорт.