Мечка изеде домашно животно во тетовско

Од Центарот за управување со кризи информираа за инцидент со мечка во тетовското село Селце.

- Пријавен е инцидент во кој мечка нападнала две домашни животни. Едното било изедено, а другото повредено. Настанот го пријавило лице кое пристигнало на местото и го затекнало инцидентот, известија од ЦУК. 

СВР Тетово изврши увид на терен и состави записник.