Мажот не треба да биде целиот свет на една жена, но треба да биде дел од него

Научете да сонувате, да си поставувате високи цели и да се движите кон нив.

Најважно, еднаш и засекогаш запомнете: тоа со принцот на бел коњ и чиста измислица. Никој не е обврзан да те направи среќна и да те спаси од судбината. Со текот на времето, мажот се уморува од тоа да го тегне тешкиот куфер полн со тага и кукање. За да ја избегнете тажната судбина на напуштениот куфер, не би требало да се концентрирате на барање маж, туку на остварување на своите соништа. 

За да изградите хармонични односи со некого, прво мора да стекнете хармонија во себе и да се засакате себеси. 

Никогаш не се споредувајте и никогаш ништо не докажувајте!

Мажот не би требало да бидеш целиот наш свет, но треба да биде еден од деловите на нашиот свет.

Учи, добивај нови информации. Тоа е гаранција која ќе ви помогне да преживеете и во најтешки времиња. 

Не се плаши од очајот, дури и кога ќе паднеш на дното. Јас имав еден таков период, избегав во мојата викендица на една недела, не разговарав со никого. Си кажував на себеси многу грди работи. Се самосожалував, па дури и се навикнав на таа состојба. Но, во еден момент, организмот се разбуди и рече: „Животот оди понатаму!“ И така станав, се истресов и продолжив понатаму.

Судбината е како лав. Ако се плашиш – ќе те напаѓа, а ако немаш страв, ќе те води онаму каде што ти сакаш!