Кога одлучуваме со некоја личност да стапиме во брак, се трудиме да утврдиме дали таа личност дели исти вредности со нас, дали не цени и почитува и колку можеме да се потпреме на неа. Особено е важен карактерот, бидејќи убавината е минлива, но карактерот на личноста е тој со кој ќе го минеме целиот живот.
Еден од мажите во хороскопот е најдобриот брачен партнер. Станува збор за Бикот.
Тие се верни и смирени личности, кои се максимално посветени на семејството, како на сопругата, така и на своите деца. Тие се мажи со огромна почит кон својата сопруга, но и голема наклонетост кон домот и семејството.
Доколку некој од семејството се најде во некаков проблем, Биковите секогаш ќе се потрудат да им помогнат да изнајдат решение. Тие постојано даваат љубов и внимание, а нивната поддршка е тоа што и е потребно на секоја жена.
Доколку жената постави некаква цел за себе, овој маж ќе даде се од себе за да и помогне таа да ја исполни целта и да изгради кариера каква што посакувала.