Мажите родени во овие хороскопски знаци се неодоливи за жените

Одредени личности се похаризматични и поинтересни за другите луѓе. Некои пак се навистина неодоливи.

Жените не можат да им одолеаат на мажите родени во овие знаци.

Бик

Иако често се инертни и несвесни за тоа што го носат во себе, но и својата убавина, Биковите спаѓаат во групата на вистински заводници. Нивниот клучен адут е спонтаноста, а во кревет се вистински љубовници. Овој знак за жените знае да приреди огномет од емоции и внимание. Ќе направи жената да се чувствува како да е единствена на светот. Биковите имаат природна топлина во очите и често привлекуваат и кога не се свесни за тоа или пак не сакаат.

Близнаци

Мажите Близнаци се кралеви на шармот. Никој не може ним да им одолее. Додека за некои сексот е приоритет, овие мажи уживаат во прегратките  и комуникацијата. Вообичаено се надарени со добра физиономија, а нивниот адут е немирен поглед и бунтовничко однесување. Тие освојуваат со својата комуникација и интелект. Нивниот  позитивен став ги привлекува луѓето.

Шкорпија

Мажот роден во овој знак е вистински скриен заводник. Тој не е директен, туку полека се наметнува и освојува со својата мистериозност. Тој е маж кој длабоко чувствува и неговата интуиција е силно изразена. Тој е надарен за водење љубов што може да ги излуди жените.