Мажите и жените потврдија: Ова е дефинитивно најлошата секс поза

На темата сексуални задоволства спроведени се голем број анкети, а меѓу нив најчести се оние за најдобри и најлоши пози во сексот. Верувале или не, изгледа дека и жените и мажите се согласуваат околу едно прашање – која поза го заслужува првото место во извиканата категорија најлоша.

Имено, многу истражувања покажаа дека двата пола најмалку ја сакаат фамозната поза 69. Тоа е поза во која партнерите еден со друг симултано си даваат орално задоволство, а критичарите ја опишуваат како многу комплицирана, тешко изводлива и незгодна.

Иако за многу парови разликата во висина е потполно неважна за да бидат заедно, сепак за да се изведе оваа поза таа разлика и тоа како е важна и значајна и премногу влијае на нејзината изведба. Исто така, двата пола велат дека е многу тешко да се фокусираат да му дадат задоволство на партнерот во моментот кога примаат задоволство. И годините влијаат на популарноста на оваа поза па така помладите испитаници повеќе ја сакаат од постарите.

Дебатите кои секојднево се водат помеѓу машките и женските корисници на социјалните мрежи на оваа тема покажаа дека и покрај извиканоста и популарноста, оваа поза всушност воопшто не е популарна во спалната соба. Еве некои од коментарите за неа:

Ни сама не знам што точно мислам за неа, но да кажеме дека ја сакам само со вистинскиот партнер. Може да биде добра, но сите тела меѓусебно не си одговараат.

Навистина не сум фан. Тешко е во исто време и да даваш и да примаш.

Моето искуство покажа дека некој секогаш го извлекува подебелиот крај и останува незадоволен во оваа поза. Која е тогаш нејзината цел? Оралниот секс во класична поза е подобар, тогаш сум барем сигурен дека сум ја задоволил партнерката.

Ми пречи логистиката во позата 69. Јас едноставно не можам да се сконцентрирам додека жената ме задоволува орално, а не сакам да делува како да одбивам да се потрудам околу неа.

Не ми е згодно во таа поза и точка. При тоа не мислам на незгодно поради изгледот на телото, туку самата положба на телото во таа поза некако е многу незгодна, особено поради тоа што мојот партнер е повисок од мене и тогаш постојано морам некако неприродно да се растегнувам. Благодарам, но не благодарам.