Маж загина во сообраќајка во кичевско

Вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат  Кичево-село Осломеј, кај село Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско,  излетало надвор од патот. Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информираа денеска од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.