Маж вознемирувал малолетничка со непристојни фотографии и допири по телото, интервенирала полицијата

Министерството за внатрешни работи информираше дека во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.Г.(36) од Богданци, поради сомнение дека вознемирувал малолетничка од Богданци, со прикажување фотографии со недолична содржина и допирање по телото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.