Маж во Бугарија починал додека чекал ред од 300 метри за да купи зејтин

77-годишен маж од Бугарија почина чекајки ред за да купи зејтин во супермаркет во Бургас, Бугарија, објавија тамошните медиуми. Екипата на Итната медицинска помош кога дошла само констатирала помош.

-Човекот почина во супермаркетот. Го турнаа и му се слоши. Беше лудница, тој падна, посине и почина. Редот беше огромен, сведочи жена која пазарувала во супермаркетот.

Редот бил долг околу 300 метри, а зејтинот бил на промоција. Такви редови имало и по другите супермаркети од синџирот.