Маж во алкохолизирана состојба со ножици се обидел да нападне сосетка

К.Ј.(48) додека со нејзиниот брат вчера вечерта се враќала во дворот на семејната куќа во Скопје, слушнале кршење на стакло и забележала како нивниот сосед Н.С.(60) вршел оштетување на патничко моторно возило “Шкода Фабиа” со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.К.(52).

Тогаш Н.С. во видно алкохолизирана состојба почнал да се заканува по животот на К.Ј. при што држејќи ножици во рака се доближил до неа, но бил спречен во намерата да ја нападне од страна на друг сосед.

Полицијата работи на расчистување на случајот.