Маж со униформа на „Паркови и зеленило“ извршил напад

Седумдесетгодишен маж пријавил дека вчера на пладне бил нападнат од непознато лице облечено во работна униформа на Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“.

Нападот се случил на улицата  „11-ти Октомври“, во паркот „Жена Борец“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.