
Млад маж од Албанија дошол во болница со рана од оружје, а пријавил дека се повредил при случена сообраќајка.
- Вчера во 15:13 часот во СВР Скопје, од Општата градска болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Ѓ.(25) од Албанија. Имено, тој пријавил дека се повредил при случена сообраќајна несреќа од пред неколку дена, но по преземени мерки, лекарите утврдиле дека тој има прострелна рана, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.