
Во делот позади скопската населба Острово, општина Аеродром, маж утрово скокнал во водите на реката Вардар. Очевидци на настанот за „Слободен печат“ информираа дека полиција потоа го викала и се обидувала да го извади од коритото, а потоа човекот со итна помош е пренесен во болница.
- Денеска (14.09.2026) околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на река Вардар на подрачје на Гази Баба скокнало едно машко лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот. Лицето со возило на Брза помош е пренесено во болница за укажување на лекарска помош“, информирале од МВР за „Слободен печат“.
Оттаму нагласуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Слободен печат