Маж се обидел насилно да влезе во дом на скопјани, полицијата го привела

Министерството за внатрешни работи информораше дека утрово во 02.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.И.(39) од Скопје затоа што со метален предмет оштетил влезна врата од куќа сопственост на Д.Ф., при што барал пари и се заканил на Х.Д.(65), Ш.Н., Б.Р. и нејзината внука, сите од Скопје, кои живееле во куќата. 

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.