
Маж од гостиварско бил пронајден пичинат на фудбалски стадион во гостиварско село. До него била пронајдена моторна пила.
Вчера во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А. (45) од Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (60) околу 7 часот заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици.
По преземените мерки и активности, денеска по полноќ во 00:20 часот А.А. бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото. Во негова непосредна близина била пронајдена моторна пила.
- Смртта ја констатирал лекар од Ургентниот центар во Гостивар, по што на местото бил извршен увид од јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, информираа од МВР.
За време на службените дејствија, околу 1:50 часот, полициски службеник паднал во отворена и необележана бетонска шахта длабока околу 1,5 метри. Тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.