Маж пронајден мртов во стан во Скопје

На 21.09.2020 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Виа Игнатија“ во Скопје бил пронајден починат И.А.(65) од Скопје, кој живеел сам.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 21.09.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево било пријавено дека во дом на ул.„11 Септември“ бил пронајден починат С.В.(66) од Кичево.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.