Маж пријавил дека било пукано кон него пред неговиот дом, за среќа не го погодиле

Вчера во 16.05 часот 42-годишниот Д.Ј од с. Мирковци пријавил во полиција дека пред неговата куќа дошол М.Е. со уште едно лице и поради нерасчистени должничко - доверителски односи, од огнено оружје испукал еден куршум кон него, но не го повредил.

Од МВР известуваат дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје, а од местото била подигната една чаура за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.