Маж претепан од две лица во хотел во Петровец, оштетен и дел од инвентарот

Две лица од скопско Р'жаничино претепале едно лице во хотел во Петровец, а при нападот, бил оштетен и дел од инвентарот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 21:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во хотел во село Петровец, општина Петровец, П.А. бил физички нападнат од А.Ц. и Г.Ц., сите од село Р’жаничино, скопско и се здобил со повреди, а бил оштетен и дел од инвентарот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.